Тројца Албанци загинаа во одрон на карпи

 

Од одрон на карпи во близина на Корча, тројца работници го загубија животот, а неколку се потешко повредени.

Тие биле ангажирани од приватна фирма во санација на патниот правец Грамш-Кодовјан-Моглица кај Корча а несреќата се случила кај месноста „Грабовско јаболко“.

Во несреќата загинале лица од албанскиот град Каваја, како и инженер, италијански државјанин. Во моментот на несреќата тие биле во булдожер кој бил затрупан од карпи.

30.04.2014 - 12:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега