Целиот живот ми остана под вода- потресна приказна на жител од Србија
Реката Колубара полека го напушта селото Велики Црљени, во близина на Лазаревац, оставајќи тага и болка. Расфрлани работи, кал, трагедија..
Пред само четири дена ова беше богато село во кое со когини живееја задоволни луѓе, но одеднаш за само два часа реката им го однесе целиот имот и потполно им го промени животот. Наместо 15 хектари пченица, пред куќата на семејството Терзиќ сега се наоѓа езеро длабоко еден метар.
- Немам ништо повеќе, реката ми го однесе имотот, целиот мој живот остана под вода – низ солзи раскажува Велимир Терзиќ (53) од Велики Црљени, чиј имот се наоѓа до автопатот Ибар. Куќата во која живеело деветчленото семејство се уште е под вода. Таткото на Велимир не сакал да го напушти домот па за време на поплавите тешко болен лежеше на првиот спрат од куќата. Над него, на таванот, Терзиќ ги стави кокошките кои биле спасени во последен момент. Тоа е освен 50 свињи единствениот имот кој им останал.
- Некогаш бев газда а сега во селото се молам за малку сено и храна за стоката. Никој не ме праша дали ми треба помош, барем да ми понудеа еден леб. Со чамец бев по личната карта и здравствената книшка бидејчи во аптека не сакаа да ми дадат лек за мојот болен татко.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа