Момче усмртено со четири убоди од нож
19- годишниот Н.Ј. синоќа околу 22:20 бил убиен со четири убоди од нож, пренесува српски Блиц.
Според првичните сознанија, убиството го извршил малолетник, кој бил уапсен во текот на ноќта.
Заедно со тројца другари, убиецот го чекал Н.Ј. на „ул. Бубањских Хероја“, каде го нападнал и го избодел со нож, а веднаш потоа напаѓачите успеале да побегнат.
Н.Ј. им подлегнал на повредите и загинал на лице место.
16-годишниот кој се смета дека го извршил убиството, бил уапсен во текот на ноќта, а приведени биле и двајцата кои го придружувале (15 и 17 години).
20.05.2014 - 11:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа