Трагедија го потресе регионот: 15-годишно дете падна од тераса и почина
Хорор викендов го потресе регионот кога 15-годишно девојче падна од тераса на зграда во Косово и за жал почина.
Медиумите од регионот пренесуваат дека 15-годишно девојче паднало од зграда во Србица вчера околу 17 часот и 30 минути и со тешки повреди било пренесено во болница, каде за жал и покрај напорите на лекарите, починало.
Девојчето било итно префрлено во локалната болница на лекување, а потоа и во Универзитетскиот клинички центар на Косово, но за жал му немало спас.
- „Жртвата е испратена на лекување во регионалната болница, а потоа продолжила кон Приштина, каде, како што е соопштено, жртвата починала. Со одлука на обвинителот, телото е испратено на обдукција“, се вели во соопштението објавено од медиумите на албански јазик.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа