Tридневна жалост во Србија

 

Српската Влада вчера прогласи тридневна жалост на 21, 22 и 23 мај поради големиот број жртви од катастрофалните поплави земјата.

Согласно Законот за ден на жалост предвидено е знамињата да се спуштени на половина копје, а на спортските и културните манифестации да им се одаде почит на настраданите со едноминутно молчење.

Електронските медиуми се должни да ја усогласат програмата, а весниците да бидат испечатени во црна боја.

Денот на жалост не може да трае подолго од три дена, а за кршење на одбележувањетѕо предвидени се парични казни.

На територијата на Србија досега се евакуирани 31.873 лица од загрозените подрачја, поплавени се 2.260 објекти, а загрозени се уште 1.763, соопшти синоќа Министерството за внатрешни работи на Србија. 

21.05.2014 - 09:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега