ВИДЕО: Ова село во Босна повеќе не постои
Селото Парачи источно од Тузла во Босна и Херцеговина по поплавите речиси повеќе и не постои. Пред два дена дошло до лизгање на земјиштето кое однело се пред себе, а жителите едвај спасиле жива.
Одроните на земјата се длабоки и по 20 метри, а населението истакнува дека такво нешто никогаш не се случило претходно. Жените и децата се евакуирани на безбедно, а во селото има само мажи кои додека земјата сѐ уште се движи, тие се обидуваат да спасат што можат.
21.05.2014 - 09:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа