Џамбо- "херојот" од Обреновац бил крадец и макро

 

„Добро е што херојот од Обреновац Слободан Неделковиќ Џамбо, кого го познавам уште од основно училиште е уапсен бидејќи ми го украде телефонот додека бевме евакуирани на саемот. Тој не спаси никого, само им помагаше, како и сите други, децата од училиште да се пренесат преку оградата и да се внесат во чамецот ова вчера за српскиот весник АлоЖељана Илиќ која заедно со Џамбо и многу други беше евакуирана во последен момент од потонатиот град.

- Слушнав за чудото за кое сите зборуваат дека слободан е всушност херој од Обреновац. Знаев дека нема жена и деца и дека живее со своите чичковци. Џамбо беше задолжен да ги чува телефоните. Во еден момент го видов како истрча и не се врати неколклу часа. Кога сакав да си го земам телефонот кој го оставив да се полни, телефонот го немаше. Тврдам дека тој ми го украде- вели Жељана.

Српскиот весник објави дека полицијата истражувала за херојот и дошла до еден зачудувачки момент. Џамбо бил макро, но се уште се истражува дали има некаква врска со проститутките кои се во околината на Обреновац.

Мајката на Жељана,  Драгана Илиќ вели дека Слободан Недељковиќ користи дрога и веќе неколкупати бил осомничен за грабеж.

 

 

За потсетување Неделковиќ во полицијата призна дека лажел за да успее да добие куќа од државата бидејќи моментално живее под кирија. До сега тој добил помош од 30. 000 динари а се истражува дали сумата е таа или многу поголема.

03.06.2014 - 13:38
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега