Воз усмрти малолетничка - трагедија во Хрватска
Трагедија ја потресе Хрватска. Ученичка ја прегазил воз додека шетала на пруга со слушалки на ушите.
Според податоците на 24сата.хр, се работи за 17-годишната А.Д. која утрово додека преминувала пруга, најверојатно мислејќи дека возот поминал, се движела полека, со слушалки на ушите, кога одеднаш на неа налетал возот кој доцнел и ја прегазил.
За жал, девојката починала на лице место.
04.06.2014 - 11:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа