Пејачката Драгана Мирковиќ повторно пренесена во болница

 

Српската пејачка Драгана Мирковиќ заврши во  болница со тешка повреда на грбот со која се здоби во сообраќајката која во текот на минатата недела ја доживеа со својот сопруг. Иако Драгана изјави дека се чуствува добро и поминала со полесни повреди, сепак арпскиот Ало пренесува дека кајпејачката дијагностицирана е тешка повреда на долниот дел на грбот, поради која таа ќе мора да мирува три месеци.

- Иако првично беше објавено дека Драгана и Тони се полесно повредени, ситуацијата е сепак поинаква. Веднаш по несреќата и деталниот преглед, докторите одлучија таа да остане во болница, а според грубите пресметки, ќе се опоравува околу три месеци, изјави за „Ало“ пријател на Драгана.

17.06.2014 - 10:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега