„Мајка ни не спаси криејќи не во јама" - босански фудбалер си ја отвори душата

 

 

Престижниот американски спортски портал ESPN ја објави потресната животна приказна на репрезентативецот на БиХ, Ведад Ибишевиќ.

Ибишевиќ целосно си ја отворил душата и рсакажал низ какви стравови поминало неговото семејство во периодот од 4 месеци во 1992 година и време кога српските паравоени единици влегле во Власеница и нејзините населби.

-Мајка ми во шумата близу нашата куќа ископа јама за мене и мојата сестра, широка и долга околу 1 метар, а длабока околу половина метар. Изгледаше како гроб. Едно утро не однесе на тоа место кое беше покриено со платна и перници и ни кажа да се сокриеме. Тоа утро во нашата улица дојдоа српски војници. Слушавме викање и обивање на куќи. Моја најважна задача беше да не дозволат три годишната сестра да заплаче. Ако не слушнеа и најдеа, сигурно ќе не однесоа во логор, раскажува Ведад.

Приказната на фудбалерот во целост може да ја прочитате ТУКА.

17.06.2014 - 10:14
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега