Од роденден во смрт со 220 километри на час - детали за трагедијата во Србија
Пет момчиња на возраст од 20 години ја завија Србија во црно откако вчера возејќи со својот автомобил со брзина од 220 километри на час загубија контрола и заминаа во смрт.
Момчињата „летале" со своето Ауди на пат во Нови Сад и за жал не виделе дека се изведуваат градежни работи на патот, загубиле контрола и удриле во столб, а од автомобилот не останало ништо. Се работи за Лука Бојовиќ, Петар Илиќ, Томислав Савиќ, Џуро Роквиќ, додека петата личност не е идентификувана.
Момчињата, како што пренесе српскиот Ало, се враќале од роденден.
21.06.2014 - 11:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа