Филе: Албанија доби кандидатски статус
Албанија и официјално стана земја-кандидат за членство во Европската унија. Комесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе, предмалку на својот профил на социјалната мрежа “Твитер” му честиташе на нашиот западен за добиениот кандидатски статус, посочувајќи дека тоа се должи на “реформските напори”
- Албанија: честитки за кандидатскио статус, кој денеска го договорија министрите за надворешни работи на ЕУ-земјите. Ова е признание за реформските напори и охрабрување за повеќе – напиша Филе на “Твитер”.
Како што прва објави МИА во текот на вчерашнио ден, Велика Британија, Германија, Франција и Чешка беа последните од 28-те земји-членки на Унијата кои се противеа Албанија да стане кандидат за членство во ЕУ.
Но, по акцијата на албанската полиција за сузбивање на нарко-центрите во земјата, како и спроведените напори на Владата на Еди Рама за приближување на албанското кон европското законодавство и спроведување на силна анти-имиграциска политика, било доволно да се убедат овие земји да не ставаат вето Албанија да добие кандидатски статус. Па, така, денеска, на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) во Луксембург, шефовите на дипломатиите ја прифатија препораката на Филе и доделија статус на земја-кандидат на Албанија.
Сепак, за оваа земја да ги почне официјалните преговори за членство, потребно е најпрво да добие таква препорака од Европската комисија во рамки на прогрес-извештајот кој ќе се објави во октомври, а потоа и Европскиот совет на Самитот во декември да даде дозвола за истото. Во случајот со Република Македонија, земјата веќе деветта година е кандидат за членство и има добиено пет позитивни препоркаи од Еврокомисијата за почеток на пристапните преговори, но поради грчкото вето на Самитот на Советот, а поради наметнатиот спор за името на земјата, официјалните преговори уште не се започнати.
МИА
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа