Во Косово уапсени три лица осомничени за тероризам
Три лица осомничени за тероризам се уапсени денеска во местото Генерал Јанкович во Косовo, соопштија извори во косовската полиција, дополнувајѓи дека трага по уште едно лице.
Според истите извори, приведените се осомничени за поврзаноста со терористички групи од неколку исламски земји.
Потпаролот на регионалната полициска управа во Урошевац Агим Гаши ги потврди вестите за апсењето, но не изнесе повеќе детали.
- Случајот го води антитерористичката единица на полицијата во Приштина и тие ги имаат сите податоци за апсењето, изјави Гаши.
Извори од полицијата за порталот Коха.нет соопштила дека тројцата уапсени се пренедени во Приштина и во тек е нивно сослушување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа