Нов Белград: Ја претепал поранешната сопруга сред улица пред синот

 

Полицијата во Нов Белград го уапсила Борис С. под сомнение дека во средата вечерта на сред улица ја претепал поранешната сопруга А.С. пред детето, а потоа и се заканил дека ќе ја убие.

Тој денеска ќе биде сослушан во Третото основно јавно обвинителство во Белград за семејно насилство.

Според информациите на српските медиуми, откако ја претепал со раце и нозе пред очите на синот, несреќната жена паднала на улица. Потоа, наводно, ја удрил со нога уште неколку пати и и се заканил: „Ќе те убијам“.

Борис потоа влегол во автомобилот и побегнал. Полицијата набрзо го уапсила и му ставила полициска мерка притвор.

Несреќната жена била прегледана во Белград, каде по укажаната помош била пуштена на домашно лекување.

20.01.2023 - 09:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега