Нови закани од млади момчиња за напади во Србија и во БиХ – негативен тренд меѓу младите според анализа на српските медиумите

 

 

По вчерашниот инцидент во Белград каде 14 годишно момче уби деветмина лица, денеска српските медиуми поставуваат прашање дали е во прашање негативен тренд меѓу младите објавата на нови закани. Медиумите претходно известија за нова закана во Босна и Херцеговина и уште една таква во Белград.

Во полиција во Белград било пријавено дека деветгодишен ученик  во трето одделение во основно училиште прави список со ученици кои наводно сакал да ги убие, дознава Танјуг. Белградските медиуми јавуваат дека станува збор за ученик од основното училиште „Десанка Максимовиќ“ во Белград, а истрагата е во тек.

Претходно и младо момче со иницијали А. З. од Бихаќ на „Инстаграм“ се закани дека ќе изврши масакр сличен на оној што вчера се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, пренесуваат медиумите во регионот.

Тој на својот инстаграм-профил напиша дека ќе ги убие учениците и наставните работници во економското училиште.

Осум деца и еден чувар биле убиени во средата наутро во вооружен напад на четиринаесетгодишен ученик во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград. Шест ученици и еден наставник биле повредени, а напаѓачот  уапсен. Тринаесетгодишното момче К.К.  влегло во училиштето со два пиштоли и четири молотови коктели. Имал список за ликвидација на деца, како и план како тоа да го направи. Резултатот од неговата крвава гозба е девет убиени и седум ранети.

04.05.2023 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега