Од температури во минус до вистинска пролет - Ова се најстудените места денеска
Утрово во Берово е најстудено со измерени - 5 степени Целзиусови, во Крушево е најтопло со 6 степени. На Попова Шапка висината на снежната покривка е 19 сантиметри.
Во Битола се измерени -4 степени Битола, -3 Струмица, -2 Скопје-Петровец, Велес, Демир Капија и Маврови Анови, -1 степен во Тетово, Прилеп, Штип и Гевгелија, 0 степени во Охрид, Куманово, Кавадарци, 1 Скопје-Зајчев Рид, Претор и Крива Паланка, 3 Попова Шапка и 4 степени во Виница.
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 23 степени.
Во Скопје, сончево и топло со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 23 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа