Ограбил болница, црква и семејни домови - кавадарчанец заврши зад решетки
ОВР Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против О.В.(42) од Кавадарци поради постоење основи за сомнение за сторени четири кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Во периодот од ноември 2024 година до мај 2025 година, тој со употреба на сила и подесен алат од семејни домови, од Општа болница Кавадарци и од верски објект во Росоман одзел различни предмети.
На 06.05.2025 во 07.00 часот на улица „Зелен пазар“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода, а од Основен суд Кавадарци изречена му е мерка притвор и бил спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на мерката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа