ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Од што се плашиш толку па молчиш?

 

Од што се плаши Филипче па молчи? Ова денеска го прашуваат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение за јавноста.

- Венко Филипче и СДС неколку дена молчат и не се оградуваат од наркодилерот Андон Стојков, кој беше фатен со дрога. Филипче да соопшти на јавноста зошто молчи и не се оградува од партискиот функционер, Андон Стојков кој на дело е фатен со дрога. Со што толку ги задолжил Андон Стојков СДС и Филипче што не се оградуваат од него? Дали Филипче и СДС го поддржуваат Стојков и штитат криминалци и какви лични интереси имаат да го прават тоа?, прашуваат ВМРО-ДПМНЕ.

Велат СДС е партија која ги штити криминалците и соработува со нив, Стојков е во присуство на Заев и Филипче и по приватни забави и настани.

- СДС е партија која ги штити криминалците и соработува со нив, СДС не се огради ниту од Стојков, ниту од Јон Фрчковски, ниту од Груби и Филип Андов Сокол. Јавноста ја виде вистината за СДС на дело, СДС е партија која обезбеди луксузни животи за своите елитистички кругови, додека народот тонеше во очај. СДС е синоним за неспособност, предавства и криминал, велат од партијата.

08.05.2025 - 09:11

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега