Охрид: Две години лажел пациенти - лекар работел без дозвола

 


Полицијата од Охрид поднесе кривична пријава против 44-годишно лице од Вевчани поради сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

„Пријавениот, вработен лекар во ЈЗУ „Општа болница“ во Охрид, не ја исполнил својата законска обврска за продолжување на лиценцата за работа со важност од 28.02.2015 до 28.02.2022 и продолжил со работа без да поседува лиценца за работа“, велат од МВР.

Во меѓувреме иако без лиценца тој примал редовна плата и други додатоци, со што ја оштетил Јавната здравствена установа.

23.01.2025 - 14:12

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега