„Омикрон“ стигна и во Словенија: Главниот кластер на новозаразените е во Љубљана
Потврден е и првиот случај на зараза со новиот сој што го плаши светот Омикрон во Словенија. Премиерот Јанез Јанша откри дека кластерот на инфекцијата е откриен во Љубљана.
Директорот на Институтот за микробиологија и имунологија, Мирослав Петровец, откри дека се регистрирани четири случаи во Љубњана.
Едно лице заразено со микрон, веќе прележало ковид минатата година.
Надлежните власти упатија апел до населението масовно да се вакцинираат.
14.12.2021 - 21:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа