Падна дилер од струмичко: Полицијата заплени 120 грама марихуана

 


Вчера во 20.20 часот во село Колешино, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.Т.Г.(28) од село Колешино.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени околу 120 грама марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана.

 

Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против А.Т.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

16.04.2025 - 13:54

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега