Падна поранешниот директор на Царинската управа на Црна Гора

 

Поранешниот директор на Управата за царина и приходи, Раде Милошевиќ, бил уапсен на 21 декември по налог на Специјалното државно обвинителство под сомнение дека создал криминална организација.

Милошевиќ на почетокот на октомври беше приведен во истрагата на Специјалното обвинителство и Агенцијата за национална безбедност поради сомнение дека бил дел од организиран синџир што шверцувал дел од цигарите, кои државата ги запленила во Слободната царинската зона на пристаништето Бар, а кои комисијата требало да ги уништи.

Потоа, по повеќечасовен информативен разговор со полицијата за наводниот шверц на цигари, бил пуштен на слобода. Неколку дена подоцна, Милошевиќ, кој е функционер на Граѓанското движење УРА на премиерот Дритан Абазовиќ, поднесе оставка од функцијата директор на Царинската управа за, како што наведе, морални причини.

22.12.2022 - 09:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега