Пазарите во шок: Трамп најавува нови царини
Доналд Трамп најави дека ќе започне трговска истрага за влијанието на кинескиот увоз на електроника врз националната безбедност на САД. Американскиот претседател го повтори својот став дека ослободувањето на паметните телефони и компјутерите од реципрочните царини против Кина објавено во петокот ќе трае само кратко.
Од претседателскиот авион Ер Форс 1, Трамп рече дека следната недела ќе ја објави висината на тарифите за увезените полупроводници и навести дека може да се очекуваат нови даноци за увоз во САД.
“Тарифите ќе се воведат во не така далечна иднина. Исто како што направивме со челикот, со автомобилите, со алуминиумот – истото ќе го направиме и со полупроводниците, со чиповите и многу други работи. А тоа ќе се случи во блиска иднина”, коментираше американскиот претседател Доналд Трамп.
Поради ова олеснување, финансиските пазари во Кина и азиско-пацифичкиот регион го започнаа денешното тргување со раст.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа