Стефковски распали по Костадинов: Спојувањето на Македонија кон Бугарија ќе остане само твој сон
Македонија постоела и ќе постои. Низ историјата не постоела голема Бугарија, туку постоела ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА!, вели градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
-Визиите на “прогресивните” бугарски политичари за спојување на Македонија кон Бугарија ќе останаат само сон! Европската унија сериозно треба да реагира на ваквите ставови на политичар од земја членка на унијата од кои произлегуваат територијални претензии кон друга соседна земја, бидејќи тоа не се европски вредности!
пс: ваквите бугарски ставови по кој член од договорот за “добрососедство” кој го потпиша Зоран Заев со Бугарија се дозволени?!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа