Почината жена однесена во болница во Струга, телото дадено на обдукција

 

 


Седумдесет и пет годишна жена од Гостивар со престој во Струга била однесена почината во Медицинскиот центар во Струга, информираа денеска СВР Охрид.

Според информацијата, вчера во 19 часот и 6 минути во полициската станица Струга било пријавено дека во Медицинскиот центар била однесена почината Д.И. (75) од Гостивар. Жената, како што е појаснето, престојувала во приватен сместувачки капацитет во Струга.


 

„Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга, а смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција“, стои во соопштението на СВР Охрид.

28.02.2025 - 14:24

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега