Политички ифтар во Косово: Курти ги кани лидерите на ВЛЕН на вечера
Лидерите на четирите партии од коалицијата ВЛЕН вечерва ќе одат на ифтарска вечера кај премиерот на Косово Албим Курти, потврди денеска министерот за здравство и претседател на Алијансата за Албанците Арбен Таравари.
Тој кажа дека меѓу другото очекува да разговараат за политички актуелни теми во Косово, Македонија и регионот, но и за идните локални избори.
- За локалните избори сме во релаксирана и добра атмосфера, се надевам дека ќе изнајдеме најдобро можно решение да нема незадоволни. Сите страни да бидат задоволни во коалицијата, рече Таравари.
Тој нагласи дека и односите во Владината коалиција с едобри и оти нема никакви проблеми и турбуленции.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа