Поради немирите во Тирана, самитот „Отворен Балкан“ ќе се одржи во Елбасан

 

Албанскиот премиер Еди Рама одлучи самитот на иницијативата „Отворен Балкан“ да се одржи во Елбасан, наместо во Тирана, каде денеска пред седиштето на Владата започнаа протестите на приврзаниците на Сали Бериша, против кои беше запалено српското знаме, пренесува Еј-Би-Си њуз.

Рама ќе биде домаќин на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и на премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, кои во Елбасан треба да пристигнат вечерва.

На вечерата се очекува да присуствуваат и Џим О’Брајан, висок советник на Атлантскиот совет и Алекс Сорос, потпретседател на Фондацијата „Отворено општество“.

Стотици демонстранти се одзваа на повикот на Бериша со собирање пред кабинетот на премиерот во време кога се очекува во наредните часови албанскиот премиер Еди Рама да има средба со српскиот претседател.

 

20.12.2021 - 20:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега