Потрага по лажна докторка во Солун – зела 3.000 евра за терапија против корона
Полицијата во Солун трага по 47-годишна жена која лажно се претставила како докторка пред брачна двојка наплаќајќи им 3.000 евра за „терапија“ против коронавирусот на нивните родители.
Според „Катимерини“, а според истрагата на полицијата, жената ја повикала брачната двојка чии родители биле во болница поради коронавирусот, претставувајќи се како анестезиолог.
Таа им понудила посебен третман за кој тврдела дека целосно ќе ги излечи нивните родители од коронавирусот.
Осомничената за нејзините наводни услуги побарала 3.000 евра, а брачната двојка ѝ платила толку.
Грчките власти ја идентификувале жената и се обидуваат да ја лоцираат, објави Катимерини.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа