Пожар во приватна фирма во с.Мирковци, скопско
Вчера во 08.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во објект на приватна фирма на подрачјето на с.Мирковци, скопско.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
15.04.2025 - 13:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа