Претицувал па се забил во камион, загинал со сопругата - Детали за ужасната несреќа во Србија

 

Страотна несреќа го потресе регионот кога на 15 април две лица загинаа при директен судир на камион и автомобил во Србија.

Како што пренесуваат српските медиуми, тешката сообраќајна несреќа се случила околу 17 часот на патот Нови Сад-Бачка Паланка. Возач на автомобил прешол во спротивната трака на коловозот и директно удрил во камион на патот, управуван од турски државјанин.

Според последните податоци на српските медиуми, 32-годишниот Самуел П. непрописно претицувал со автомобил марка "Шкода Фабија" и директно удрил во камионот, па за жал починал на лице место со својата сопруга, 38-годишната И.Х.

Камионот ја пробил заштитната ограда на патот и предниот дел му е целосно уништен, додека автомобилот бил целосно смачкан.

На лице место веднаш дошла полиција, Брза помош и пожарникари, кои го сечеле возилото да ги извадат жртвите.

Возачот на камионот е испитан и не бил под дејство на алкохол во моментот на несреќата, покажале анализите.

17.04.2025 - 08:34

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега