Пријавени седум кандидати за претседателските избори во Србија

 

Пријавени се седум кандидати за претседателските избори во Србија што се закажани за 3-ти април. Партиите од владејачката коалиција се’ уште не го објавиле својот кандидат, но се очекува да биде лидерот на СНС Александар Вучиќ.

Според аналитичарите различноста на опозициската политичка сцена во Србија е таква што опцијата за нивен единствен кандидат е речиси невозможна мисија, анализира „ТВ Н1“.

Досега свои претседателски кандидатури најавија Бошко Обрадовиќ од српското движење Двери, Милош Јовановиќ пред коалицијата НАДА (ДСС и ПОКС),  Милош Вациќ од Српската десница. Здравко Понош од коалицијата Обединета Србија (ПСС, НС, ДС, ПСГ,ПзП, ПСС, Слога, ДЗВМ, Граѓанското движење), новинарот Срѓан Шкоро и Никола Сандуловиќ од Републиканската партија, Милица Ѓурѓевиќ-Стаменковски од Заветници.

Списокот веројатно не е конечен, оти сеуште се премислува и поранешниот претседател, сега лидер на Социјалдемократската странка на Србија, Борис Тадиќ.

 

07.02.2022 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега