Приватен хеликоптер удри во пистата и се преврти при слетување на грчкиот остров Самос
Полесно се повредени патниците од приватен хеликоптер што при слетувањето на грчкиот остров Самос, удрил во пистата и се превртил, според информациите на грчката телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина.
Хеликоптерот полетал од островот Парос, застанал на Самос да наполни гориво, а крајната дестинација била Турција.
ЕРТ објави дека во хеликоптерот имало две лица, кои се полесно повредени.
28.07.2023 - 23:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа