Приведен 34-годишник од Гостивар, ќе лежи три години во затвор

Вчера во 19.50 часот на улица ,,Бане Вељаноски“ во Гостивар, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка Скопје го привеле И.Б.(34) од Гостивар.
Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело по член 186 став 2 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
13.03.2025 - 10:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа