Приведено младо момче од Кочани - полицијата дома му пронајде дрога
Полициски службеници од ОВР Кочани вчера го лишиле од слобода Н.Д.(22) од Кочани, бидејќи при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.
Како што информираат од МВР, лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
04.12.2024 - 10:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа