Пронајдена патиката на Матеј и уште еден предмет во саксија - хрватските медиуми во живо пренесуваат што зборуваат очевидците

 

Насобраните очевидци кај променадата на Сава велат дека виделе дека полицајците "од голема саксија за цвеќе" земале ситен предмет за кој се претпоставува дека му припаѓал на Матеј и го ставиле во кеса, пишува "Слободна Далмација".

Голем број на полицајци, како и нуркачи се наоѓаат на променадата на Сава.

Во близина на ресторанот Сава Нова се наоѓаат и скали кои водат во реката, а една од последните снимки покажува маж како токму на тие скали влегува во Сава, потсеќа порталот "Слободна Далмација".

Подрачјето околу реката го обезбедува белградската полиција која не дозволува никој да пријде. На платото покрај реката неколку луѓе истражуваат и снимаат.

Насобраните очевидци рекле, пишува порталот, дека виделе дека полицајците "од голема саксија за цвеќе" земале ситен предмет за кој се претпоставува дека му припаѓал на Матеј и го ставиле во кеса.

"Се шпекулира и за патика која наводно е пронајдена во близина, но засега тоа се само претпоставки", пишува хрватскиот весник.

"Не можеме да ви кажеме ништо", ги пренел хрватскиот портал зборовите на еден полицаец.

"Пронајде нешто", прокоментирале накратко минувачите откако нуркачот на Жандермеријата изнуркал.

05.01.2022 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега