Проверете ги сметките: Исплатени се над 80 милиони денари на земјоделците
Се изврши исплата кон земјоделците во износ од 80.440.060,00 денари од програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
„Исплатени се 32.596.860,00 денари за растително производство за:
– подмерка 1.8 за овошни насади исплатени се 19.679.962,00 денари кон 1.198 корисници;
– подмерка 1.11 за лозови насади исплатени се 12.916.898,00 денари кон 181 корисник.
Исплатени се 47.843.200,00 денари за сточарско производство за:
– подмерка 2.1 за обележани женски говеда исплатени се 27.829.600,00 денари кон 406 корисници;
– подмерка 2.8 за обележани овци исплатени се 20.013.600,00 денари кон 173 корисници.
Вистинската грижа кон земјоделецот ја покажуваме на дело“, посочија од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа