Резултатите од вештачењата за автобуската несреќа во Бугарија готови до недела
Се наврши еден месец од автобуската несреќа во Бугарија, а бугарските истражни служби најавија дека резултатите од вештачењата – судско-медицинското, техничкото и пожарно-техничкото би можело да бидат готови и до 25 декември.
Според шефот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов, податоците покажувале дека брзината на автобусот најверојатно била несоодветна со условите на патот, а ноќта на инцидентот врнел дожд и патот бил влажен.
– Брзината на автобусот била прилично несоодветна со условите на патот. Мислам дека возел над 90 километри на час. Барањата на еден професионален возач на автобус се повисоки отколку за кој било друг возач, рече Сарафов.
Тој нагласи и дека нема причинско-последична врска меѓу несреќата, патната сигнализација и ознаките, појаснувајќи дека тие можеби придонеле за неа, но возачот морал да биде повнимателен и да вози со соодветна брзина. Сепак, Сарафов посочи дека ознаките на патиштата „очигледно не ги исполнуваат условите“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа