РКЕ ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика денеска ги соопшти новите цените на горивата кои ќе важат од полноќ
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 10.08.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менува, односно останува на исто ниво како што било утврдено со Одлуката од 10.08.2020 година, и со тоа малопродажната цена Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,244 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 10.08.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 26,365 ден/кг.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа