РСБСП со апел: Возете одговорно и безбедно за велигденските празници

 

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) упатува апел до сите учесници во сообраќајот – возачи, патници, велосипедисти и пешаци, да бидат особено внимателни и одговорни при учество во сообраќајот за време на претстојните велигденски празници.

-Велигден е празник на заедништвото, семејството и духовна радост, и за време на истиот се очекува зголемен интензитет на сообраќајот. Затоа РСБСП потсетува дека безбедноста на сообраќајот на патиштата е заедничка одговорност на сите нас и само со совесно и одговорно однесување можеме да го зачуваме секој живот, се наведува во соопштението.

Од РСБСП апелираат до возачите да ги почитуваат ограничувањата на брзината на движење и пропишаната сообраќајна сигнализација, да не управуваат возило под дејство на алкохол и замор, да ја прилагодат брзината на движење према условите и состојбата на патот, да користат сигурносен појас и да не користат мобилен телефон за време на управување со возило.

-Сите учесници во сообраќајот имаат право на безбедно движење – но и обврска да придонесат за тоа. Велигден е празник на нови почетоци, за љубов и радост во семејството - не дозволувајте една непромислена одлука да ги засени овие вредности, велат од РСБСП. 

17.04.2025 - 10:37

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега