Русија претстави список со барања за преговори за крај на војната во Украина

 


Русија им претстави на САД список со барања за договор за прекин на војната во Украина и ресетирање на односите со Вашингтон, изјавија за Ројтерс две лица запознаени со ова прашање. Не е јасно што точно ставила Москва на својата листа или дали е подготвена да се вклучи во мировни преговори со Киев пред прифаќање на барањата, наведува агенцијата.

Руските и американските официјални лица разговараа за условите за време на лични и виртуелни разговори во текот на изминатите три недели, велат изворите. Тие ги опишаа условите на Кремљ како широки и слични на барањата што претходно ги постави кон Украина, САД и НАТО.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека американските претставници одат во Русија на разговори за американско-украинскиот договор за 30-дневен прекин на огнот и патот кон мировните преговори.

Претходните руски услови вклучуваа нечленство на Киев во НАТО, договор да не се распоредува странски војници во Украина и меѓународно признавање на тврдењето на претседателот Владимир Путин дека Крим и четири провинции и припаѓаат на Русија.

13.03.2025 - 09:53

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега