САД воведоа санкции против Милорад Додик

 

САД  воведоа санкции против лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, соопшти американското Министерство за финансии.

Санкции се воведени и за телевизијата Алтернативна која е во сопственост на компанија поврзана со синот на Додик.

Босанските Срби ја блокираа работата на државните власти, а пратениците на Република Српска гласаа за почеток на повлекување на ентитетот со мнозинство српско население од заедничките институции. Санкциите се со обвинувања сецесионистички потези на Додик кои се закана за кревкиот 25-годишен мир.

„Дестабилизирачките коруптивни активности на Милорад Додик и обидите да го разбие Дејтонскиот мировен договор, мотивирани од неговиот сопствен интерес, ја загрозуваат стабилноста на Босна и Херцеговина и на целиот регион", наведува Брајан Нелсон, потсекретар на Министерството за финансии за тероризам и финансиско разузнавање во соопштение.

„Неговата  етно-националистичка реторика за поделби ги одразува неговите напори да ги унапреди овие политички цели и да го одвлече вниманието од неговите коруптивни активности", се вели во соопштението на Министерството за финансии на САД.

Неговите активности „ја загрозуваат стабилноста, суверенитетот и територијалниот интегритет" на Босна и „го поткопуваат Дејтонскиот мировен договор, со што се ризикува поширока регионална нестабилност", се вели во соопштението.

Американските санкции ќе го блокираат секој имот што Додик може да го има под американска јурисдикција и ќе ги криминализира трансакциите според американскиот закон.

Со санкции е и Алтернативна телевизија која е во сопственост на компанија поврзана со синот на Додик

05.01.2022 - 17:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега