СДСМ: Брат министер, началник, татко советник - Во Владата царува непотизам
Државната комисија за спречување корупција итно треба да постапи во случајот Андоновски и непотизмот кој царува во Владата на Мицкоски. Ова денеска го велат од опозициската СДСМ.
Во прилог соопштението во целост:
Таткото на министерот за дигитална трансформација, Љупчо Андоновски е советник во Владата.
Братот на министерот пак, Игор Адноновски е началник во АНБ. Значи цела фамилија, едниот брат министер, другиот брат началник во АНБ а таткото Советник во Влада.
Ова ли е „департизацијата“ што ја ветуваше ДПМНЕ? Дали ова е „мерит системот“ кој го најавуваа?
Не, ова е јасен доказ за непотизам, судир на интереси и злоупотреба на државните институции за партиски и лични цели.
Додека илјадници млади и способни граѓани ја напуштаат државата во потрага по работа, државните функции се резервирани само за роднините на актуелните и поранешните функционери на ДПМНЕ.
Ќе реагира ли Антикорупциска на скандалите на ВМРО-ДПМНЕ?
Македонија мора да биде праведна и правна држава – а не држава на непотизам и корупција!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа