СДСМ: Цените пораснааа за повеќе од 5 отсто, Владата е неспособна

 

Најновите податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека цените пораснале за 5,2 отсто. Споредено со јануари 2024 година трошоците за живот пораснале за 4,9 отсто.

Според СДСМ, овие податоци ја покажуваат неспособноста на Владата на Мицкоски да се справи со економските предизвици.

„За само осум месеци, граѓаните се доведени до финансиски колапс. Цените на основните прехранбени производи и услугите растат без контрола, сметките за електрична енергија се зголемуваат, парното е поскапо, а платите стагнираат. Домаќинствата секојдневно се борат со зголемени трошоци, додека Владата останува без стратегија и конкретен план како да ја стабилизира економијата. Неспособноста на Мицкоски ја турка земјата во економска криза“, се вели во партиското соопштение.

Како што се додава, не само што мерките со кошнички доживеале целосен дебакл, туку власта најави и мерка за замрзнување на маржите која се уште не е донесена поради тоа што власта работи за интересот на елитата, а не за граѓаните.

СДСМ предупредува дека оваа состојба е неодржлива. Потребни се итни мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните.

Партијата повика на усвојување на пакетот 7 мерки што ги предлагаат.

 
15.02.2025 - 10:23

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега