СДСМ контра Јаневска: Не се фали - ние ги зголемивме платите на професорите

 
На лагите на Министерката за образование и наука  Весна Јанеска им нема крај.  Не е точно дека платите на Универзитетскте професори оваа Влада ги има зголемено за 14%, реагираат попладнево од опозициската СДСМ.
 
Зголемувањето на платите на професорите во Високото образование се резултат на заложбите и законските решенија донесени во време на СДСМ.
 
Ова покачување на платите на Универзитетските професори е резулатат за измената на Законот за високо образование со која се регулираше коефициентот за исплата на плата  на вработените во јавните високообразовани установи односно усогласување на висината на платата со зголемувањето на минималната плата и животните трошоци. 
 
Со вакавата измена, СДСМ овозможи  континуиран раст на платите на Универзитетските професори.
 
Ја повикуваме Министерката за образование и наука Весна Јанеска да ја запознае јавноста што сработи во перидот од нејзиното именување до денеска, освен што се фали со проектите и решенијата донесени од СДСМ прикажувајќи ги како свои?!

 

Универзитете професори, наставничката фела е двигателот на ова општество и знаат кој работел и придонел за подбрување на нивниот статус и мотивираност а тоа не е ДПМНЕ ниту Јаневска, стои во реакцијата на СДСМ испратена до медиумите.
03.03.2025 - 17:59

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега