Се качил во Пасат па го застанала полиција - "Дувнал" 2,19 промили алкохол
На 10.04.2025 во 19.45 часот на улица „Гоце Делчев “ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Р.П.(51) од Струмица.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2,19 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
11.04.2025 - 10:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа