Се огласи другарот на исчезнатиот Матеј Периш: „Неподносливо е, сè ѝ кажав на полицијата“
Матеј Периш (27) го нема веќе 11 дена, а неговите пријатели и натаму не сакаат да откријат што претходело на неговото исчезнување. Тоа внесува дополнителен сомнеж во овој случај.
Некои од момчињата од тоа друштво воопшто не одговараат на прашањата од медиумите, а некои се многу дрски во комуникацијата со новинарите.
Да ве потсетиме, Матеј исчезна на 31 декември по излегувањето од белградскиот клуб „Готик“ и оттогаш целиот регион е на нозе.
Пријателот со кој Матеј бил таа кобна вечер во Белград, само една недела откако неговиот другар исчезна, на социјална мрежа споделил објава во која наздравува со вино, а кога новинарите потоа љубезно го прашале за изјава, тој бил дрзок кон нив:
„Дај ми само една добра причина и веднаш да не те блокирам“, ѝ рекол тој на новинарката во гласовна порака, а потоа ја блокирал пред да стигне таа да му одговори.
Истото се случило и со друга новинарка од српски „Телеграф“ која среде цела агонија му поставила прашања:
„Што мислиш ти? Тоа ти треба да го знаеш како новинарка“, изјавило момчето, а потоа ја блокирал новинарката пред таа да му напише друга порака.
И Миро Бокшиќ кој исто така бил со Матеј вечерта, како и останатите пет момчиња, одбиваат да комуницираат со јавноста
„Јас сум другарот на Матеј, бев со него во Белград и оставив број од телефон на социјалните мрежи доколку некој сака да сподели информации за Матеј. На сите ни е претешко. Не ме интересира медиумското внимание и нема да раскажувам ништо за нив. Сè што имав да кажам ѝ кажав на полицијата. Неподносливо ми е да читам глупости кои се пишуваат за мојот другар“, изјавил Миро за српски „Телеграф“, а потоа ја спуштил слушалката.
Никој од другарите на Матеј нема одговор на прашањето: „Дали е можно никој од вас баш ништо да не знае за исчезнувањето на Матеј?“.
Единствените докази за исчезнувањето на младиот Матеј се снимките од надзорните камери кои забележаа како тој трча од клубот „Готик“ по улиците, а потоа му се губи секаква трага.
Поранешниот шеф на белградската полиција, Марко Ницовиќ, не е оптимист по прашањето за случајот кој го потресе цел регион:
„На снимките се гледа дека младото момче буквално бега сам од себе поради тоа што не е снимено како некој го брка. Изгледа, за жал, бил под дејство на некои психоактивни супстанции поради кои имал чувство дека е во животна опасност, кои го терале да трча.
Тоа може да се синтетички дроги, како сите видови амфетамин кои се многу евтини и брзо делуваат, како екстази и спид. Реалноста е дека бил сам во таа бркотница и дека можеби во неа или се повредил или паднал во реката или се скрил... Судејќи по сите докази што ги имаме, момчето тешко дека би било живо, за жал. Очекувам во наредните пет-шест дена да биде најден или пак да биде решена мистеријата за него“, изјавил Ницовиќ за српски „Телеграф“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа