Се огласи таткото на исчезнатиот Матеј: Му велев да не оди во Белград, ми се јави кога премина граница

 

Ненад Периш, татко на Матеј Периш од Сплит кој исчезна ноќта меѓу 30 и 31 декември во Белрад откако излегол од клубот Готик, се огласи утрово и проговори за потрагата по синот како и што се случувало пред доаѓањето на Матеј во Белград.

Изјави дека знаел дека неговиот син ќе оди во Белград и со кој ќе оди.

-Знаев дека ќе преспие во Загреб, сѐ знаев и ништо не укажуваше на оваа неверојатна ситуација. Беше полн со планови за иднината и никогаш не можев да почувствувам дека вакво нешто може да се случи. Јас како татко, со оглед на тоа дека патот од Сплит до Белград е долг му велев дека не треба да одат и дека може да одат негде поблиску. Кога се слави младите се опуштаат и пијат малку повеќе, затоа мислев дека е попримерно да останат негде поблиску. Разговарав и со неговите пријатели да одат на друго место - изјави таткото на Матеј за Пинк.рс

Тој вели дека син му му се јавил кога преминал граница, а дека потоа не се слушнале додека не добил информации од пријателите на Матеј дека исчезнал.

Периш напоменал и дека Матеј имал многу друштва, но дека бил неразделен од пријателите од основно училиште. Бидејќи цело време зборувал во минато време, Ненад заплакал, а потоа рекол: „Дак Боже да грешам“.

-Пријателите му се како браќа - рекол Ненад и уште еднаш потврдил дека на снимката каде се гледа момче налик Матеј кое топира такси е всушност неговиот син и дека тоа му враќа надеж.

10.01.2022 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега