Се огласија и од полицијата во Хрватска по повод исчезнувањето на Матеј Периш: „Белград направи се“
Висок функционер на полицијата во Хрватска одржа вонредна прес-конференција за медиумите, по враќањето од Белград, каде престојуваше поради исчезнувањето на Матеј Периш во главниот град на Србија.
Помошникот на главниот директор на полицијата и началник на управата на криминалистичката полиција, Антонио Геровац на прес-конференцијата кажа пред медиумите дека српската полиција направила апсолутно сè што било во нејзина моќ за да се најде исчезнатото момче, по кое се трага веќе 12 дена.
Според него, министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин им пружил на хрватските полициски службеници увид во сите документи и им го објаснил целиот тек на истрагата, за која Геровац кажа дека е спроведена на најдобар можен начин.
„Со сè што е досега собрано, исчезнувањето на Матеј не укажува дека е последица на какви било насилни дејства“, кажа хрватскиот полициски функционер, додавајќи дека и понатаму сите се надеваат дека момчето од Сплит ќе биде најдено живо. Српската полиција, како што истакна, има верзија на неговото исчезнување, но дека за тоа сега не може да зборува. Српската полиција завршила одлична работа во следењето на Матеј Периш, секој дел и секоја секвенца на неговото движење е покриена до водата, тоа се часови и часови материјал. Многу снимки сè уште се изоструваат и прегледуваат“, кажа тој и додаде дека на состанокот со Вулин и другите полициски функционери присуствувал и таткото на исчезнатиот Матеј, Ненад Периш.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа