Се подновила албанската војска: Купила три дрона Бајрактар ТБ2

 

Албанија купила три беспилотни летала Бајрактар ТБ2 од турско производство, моделот што украинските сили почнаа да го користат во конфликтот со Русија, соопшти денес ПР службата на албанската влада.

Во соопштението не се дадени информации за цената што е платена за беспилотните летала, кои носат лесни ласерски наведувани бомби, но се вели дека договорот е потпишан во вторникот, пренесе АП.

Албанскиот премиер Еди Рама рече дека беспилотните летала ќе бидат вооружени и подготвени за борба и изрази надеж дека тоа „никогаш нема да се случи“.

21.12.2022 - 17:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега