Се преврте косовски автобус во Србија

 

Доцна синоќа, автобус на компанијата „Житиа Турс“ со косовски регистарски таблички, се преврте во србијаа.

Медиумите пренесуваат дека било линија што  сообраќала на релација Приштина – Грац, а несреќата се случила во близина на Крушевац.

Засега сѐ уште нема официјални податоци за причините, но познато е дека пред излетувањето од патот автобусот нагло преминал на левата коловозна лента.  Во несреќата се повредени 17 патници кои се пренесени во ургентниот центар во Крушевац. Според РТС, само едно лице е потешко повредено.

Повеќе детали се очекуваат во текот на денов.

12.01.2022 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега